Стартуваше првото Светско првенство за пионери во Мароко на кое играат 12 репрезентации од пет различни континенти.
Ова натпреварување ќе биде искористено од страна на ИХФ за воведување нови правила, кои доколку се покажат како добри би можеле да бидат имплементирани и на сениорско ниво.
Покрај тоа што младите ракометари ќе играат со топка без лепак, како што беше случај на СП за младинки во Македонија, има уште две нови правила.
- Играчите можат да се заменуваат само кога нивниот тим има посед на топката, секоја погрешна измена носи исклучување од две минути.
- Забранета е тактиката „седум на шест“ – мора секогаш да има голман на теренот.
Како и на Светското клупско првенство во Египет, така и на Мундијалот за пионери ќе има по тројца судии на теренот, а ИХФ ова го потенцира како еден голем чекор напред кон фер-плеј и прецизно спроведување на новите правила.


























