Светската ракометна федерација го најави историското, прво Светско првенство за пионерки што ќе се одржи од 15 до 24 октомври 2026 година, додека домаќинот сè уште треба да биде потврден.
По кадетските (18) и младинските (20) Мундијали, ИХФ воведува и трето големо натпреварување кај ракометарките во младинските категории.
Новото првенство директно го следи примерот на првото Светско првенство за пионери до 17 години, кое се одржа во Мароко во 2025 година и се покажа како голем успех.
Правилата на ова СП забрануваат промени во одбранбените формации, замена на голманот со играч од поле, како и користење на напад со седум на шест, со цел да се заштити и поттикне правилниот развој на младите ракометарки. Натпреварувањето ќе користи и топка без лепак, истата што беше употребена на првенството во Мароко во 2025 година, која доби многу позитивни оценки од играчи, тренери и службени лица поради нејзините перформанси и конзистентност.
На првото СП за пионерки ќе учествуваат 12 репрезентации од шесте континентални конфедерации. Од Азија ќе има две селекции, од Европа исто така два претставника ќе имаат Африка, односно Северна Америка и Кариби, како и Средна и Јужна Америка, додека по еден преставник ќе има Океанија. Последното место е резервирано за домаќинот на Мундијалот.

























