ИХФ ги објави шеширите пред ждрепката за Светското клупско првенство

Светската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за групите на Светското клупско првенство што ќе се игра во Египет.

Во првиот шешир се трите европски тима – Барселона, Магдебург и Веспрем, кои нема да играат меѓусебе во групната фаза.

Натпреварите ќе се играат од 27 септември до 3 октомври, а покрај европските ќе има уште шест тима од други пет конфедерации – Азија, Африка, Северна Америка и Кариби, Средна и Јужна Америка, како и Австралија.

Во полуфиналето ќе се пласираат победниците на трите групи и најдобрата второпласирана екипа, додека останатите ќе разигруваат за пласман.

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 21 август од 18:00 часот. Актуелен освојувач на трофејот е Магдебург.

Светско клупско првенство:

шешир 1: Барселона (Шпанија), Магдебург (Германија), Веспрем (Унгарија)
шешир 2: Ал Ахли (Египет), Замалек (Египет), Ал Калеј (Саудиска Арабија)
шешир 3: Таубате (Бразил), Калифорнија Иглс (САД), Сиднеј Универзитет (Австралија)