Светската ракометна федерација (ИХФ) денеска ги објави номинациите за најдобар млад ракометар, односно млада ракометарка за изминатата година.
Во изборот кај мажите се најдоа репрезентативецот на Германија, Ренарс Ушчинс, потоа голманот на Хрватска, Доминик Кузмановиќ, како и португалскиот ас Франциско Кошта.
Како што е познато, десниот бек Франциско Кошта, кој беше избран за најдобар млад играч на последното Европско првенство, ќе паузира на неодредено време поради повреда.
Кај дамите номинирани се две репрезентативки на Франција – Лилу Борг и Лена Грандво, како и големата надеж на унгарскиот ракомет Петра Симон.
Една третина од гласовите ќе бидат на публиката, втората третина ќе биде од селекторите на репрезентациите што играа на Олимписките игри во Париз, додека третата третина ќе ја сочинуваат гласовите на Комисијата на ИХФ.