Иако беше долго најавувано низ ракометните кулоари дека Саудиска Арабија ќе биде домаќин на машкиот Мундијал во 2029 или 2031 година, сепак тоа нема да биде случај.
Светската ракометна федерација ги расчисти дилемите и ги откри кандидатите за домаќини на следните големи настани.
За машкото СП 2029 година, со заеднички кандидатури се пријавија Франција/Германија, како и Данска/Норвешка/Исланд, а истите овие две кандидатури се активни и за 2031 година.
Ако се знае дека Германија е домаќин на СП 2027 година, јасно е дека домаќинството за СП 2029 ќе оди кај Данска/Норвешка/Исланд, додека Франција/Германија ќе бидат домаќини во 2031 година.
За женските Мундијали 2029 и 2031 година, има само по еден кандидат и ако не се случи ништо неочекувано до 16 април кога ИХФ ќе ги додели домаќинствата, тогаш јасно е кои федерации ќе бидат домаќини.
За СП 2029 година, единствен кандидат е Шпанија, додека за СП 2031 година заедничка кандидатура имаат Полска/Чешка.