Некогашниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Реине Табоада, во иднина ќе го носи дресот на машката репрезентација на Холандија.
Кубанецот кој поседува холандски пасош бидејќи неговата сопруга е од Холандија, ќе може да игра за „лалињата“.
Тој беше на поширокиот список на селекторот Штафан Олсон за СП 2025, но тогаш немаше дозвола на ИХФ.
Светската ракометна куќа сега даде зелено светло, па Табоада ќе може да настапи на континенталниот собир во 2026 година во Данска, Шведска и Норвешка.
Бековската линија со Дани Бајенс, Лук Стеинс и Каи Смитс и без Табоада делува опасно, а кога кубанскиот бек шутер ќе се додаде на оваа тројка, јасно е дека Холандија ќе може да се носи и со најсилните.