Играше за великани како Вардар и Фленсбург, сега се пресели во Втората хрватска лига!

На словенечкиот пивот Домен Сикошек Пелко многумина стручњаци му предвидуваа одлична кариера, но очигледно дека не ги исполни очекувањата, па играчот роден во 1997 во иднина ќе игра за хрватскиот второлигаш Сисак, пишува „Handballia“.

Сикошек Пелко во Вардар дојде како надежен кружен напаѓач во 2019 година, не успеа да ги покаже своите квалитети во Скопје, па замина по само една сезона.

Потоа играше во ракометни земји како Германија, Франција и Шпанија за екипи од типот на Фленсбург, Трембле и Ла Риоха, но и таму не издржа долго.

По една сезона мина во швајцарскиот Луцерн, кипарскиот Анортозис и унгарскиот Балатонфуреди, а минатата сезона се врати во татковината и го облече дресот на Кршко.

Од ова лето се пресели во Добова, но заминува и оттаму па до крајот на сезоната ќе настапува за хрватскиот Сисак.