Некогашниот кружен напаѓач на Вардар, Патрик Валчак, на лето ќе си замине од Загреб и ќе се врати во татковината.
Според пишувањата на „ТВП Спорт“, Валчак ќе ја заврши тригодишната авантура во хрватскиот шампион и ќе се пресели во Вибжеже Гдањск.
33-Годишниот полски интернационалец, по девет сезони настапи за францускот Маси, германскиот Либекпортугалскиот Спортинг Лисабон, Вардар и Загреб, пак ќе игра дома.
Валчак пред да започне да игра во странство на домашна сцена во Полска ги носеше дресовите на Гдањск и Погон Шчечин.
























