Играше за Вардар, го смени националниот дрес и сега има нов предизвик

Поранешниот ракометар на Вардар, Андреј Добрковиќ, ја продолжува својата кариера во Словачка – младиот бек потпиша двегодишен договор со актуелниот шампион Татран Прешов.

21-годишниот црногорски интернационалец во Татран пристигнува од унгарскиот Дабас, а претходно една сезона беше дел и од Вардар (2022/23), каде што дојде како голем талент по настапите на Европското кадетско првенство.

Сепак, во „црвено-црниот“ дрес не доби поголема минутажа, па по само една година се раздели со македонскиот клуб и ја продолжи кариерата во Унгарија.

Добрковиќ ги мина сите младински категории на Црна Гора, но во 2023 година реши да го смени националниот дрес и го прифати повикот од ракометната федерација на Србија.