Играше за Вардар, Фленсбург, Ла Риоха…сега се пресели во Добова

На словенечкиот пивот Домен Сикошек Пелко многумина стручњаци му предвидуваа одлична кариера, но очигледно дека не ги исполни очекувањата.

Сикошек Пелко во Вардар дојде како надежен кружен напаѓач во 2019 година, не успеа да ги покаже своите квалитети во Скопје, па замина по само една сезона.

Потоа играше во ракометни земји како Германија, Франција и Шпанија за екипи од типот на Фленсбург, Трембле и Ла Риоха, но и таму не издржа долго.

По една сезона мина во швајцарскиот Луцерн, кипарскиот Анортозис и унгарскиот Балатонфуреди, а минатата сезона се врати во татковината и го облече дресот на Кршко.

Од ова лето се сели во Добова и ќе се обиде да и помогне на оваа екипа да обезбеди опстанок во најсилната словенечка конкуренција.