Левото крило Хазеин Рустамов, по две сезони во Босна и Херцеговина, ќе има нов предизвик во кариерата.
Грузискиот репрезентативец, кој е македонски зет, се сели во романска Констанца, каде потпиша договор на две сезони.
Рустамов во Македонија настапуваше три сезони, од кои две во тимот на Прилеп и една сезона во Охрид.
Потоа се пресели во босанскиот шампионат каде ги носеше дресовите на Искра Бугојно и Слобода Тузла.
Тој е стандарден репрезентативец на Грузија со која настапи на ЕП 2024, а обезбеди пласман и на ЕП 2026.