Кружниот напаѓач Живан Пешиќ по една сезона во Охрид замина од тимот покрај езерото, а во новата сезона ќе ги брани боите на хрватскиот Нексе Нашице.
Српскиот интернационалец беше понуден на Вардар, но „црвено-црните“ не го ангажираа. Имаше опција и за трансфер во Унгарија, но и таа пропадна.
Сега 30-годишниот пивот се враќа во хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице и треба да биде засилување пред стартот на Лигата на Европа.
Пешиќ потекнува од Синтелон, па играше за Веспрем и Ѓер во Унгарија, потоа се врати во Србија каде беше дел од Партизан и Војводина.
Од 2017 до 2019 година беше член на шпанскиот Адемар Леон, потоа играше две сезони во Нексе, па една во израелскиот Хапоел Ришон Ле Зион, пред во 2022 да се врати во Војводина, а лани играше за Охрид.