Играше за Металург и Работнички, сега се пресели во Романија

Кружниот напаѓач Лука Вујовиќ по една сезона во грчкиот шампион Олимпијакос ќе има нов предизвик во кариерата.

Црногорскиот репрезентативец потпиша за тимот на Сегешвар и ќе игра во романскиот шампионат претстојната сезона.

Вујовиќ во Македонија ги носеше дресовите на Металург и Работнички, пред да се пресели во 2021 во Словенија.

Таму настапуваше за Копер две сезони, па се врати во татковината во Ловќен на една сезона и потоа отиде во Олимпијакос.