Играше за Металург и Работнички, сега го засили Олимпијакос

Кружниот напаѓач Лука Вујовиќ е третото засилување за грчкиот првак Олимпијакос и трето од екс-ју просторите.

Црногорскиот интернационалец ќе биде дел од составот предводен од Жељко Бабиќ, кој претходно ги донесе средниот бек Јосип Периќ и десниот бек Предраг Вејин.

Минатата сезона од Олимпијакос беа дел и Хрватите Иван Слишковиќ и Иван Вида, кои би требало да ги продолжат соработките.

Нови договори потпишаа средниот бек Саваш Саваш, пикерот Петрос Кандилас, голманот Костас Котанидис и левиот бек Никос Пасијас.

Од клубот заминаа Саво Славуљица, Миха Кавчич, Aнхел Монторо, Панајотис Карабурниотис и Бабис Домбрис.