Некогашниот десен бек на Металург и Пролет, Ѓорѓе Голубовиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Српскиот интернационалец по една сезона помината во иранскиот шампионат, ја промени средината.
Десниот бек ќе настапува во Израел, каде што ќе ги брани боите на амбициозниот тим Хапоел Кирјат Оно, каде своевремено играше Македонецот Стефан Трпчевски.
Голубовиќ покрај настапите во Македонија, беше дел од грчкиот АЕК Атина, словачкиот Татран Прешов, шпанскиот Адемар Леон, унгарскиот Чурго…