Играше за Металург, беше пред трансфер во Вардар, сега се враќа дома

Средниот бек Божо Анѓелиќ во новата сезона би требало да се врати во татковината, пишува „Побједа“.

Анѓелиќ е пик на раководството на Будуќност, кој се обидува да прекине доминацијата на Ловќен Цетиње.

Црногорскиот репрезентативец го мина вториот дел од сезоната во белорускиот Мешков Брест, со кој не успеа да освои титула ниту дома, ниту во СЕХА лигата.

Анѓелиќ претходно играше за Макаби Тел Авив, Ал Кураин од Кувајт, Црвена Звезда, шведскиот Малме, унгарските Цеглед, Ференцварош и ПЛЕР, а дел од кариерата мина и во Металург.

Имаше потпишан договор и со Вардар, но поради суспензијата од ЕХФ не заигра во „црвено-црниот“ дрес и тогаш замина во Мотор Запорожје.

Со доаѓањето на Анѓелиќ, Будуќност верува дека може да се замеша во борбата за домашните трофеи.