Црногорскиот репрезентативец Божо Анѓелиќ во новата сезона ќе ги брани боите на унгарскиот тим ПЛЕР Будимпешта.
Средниот бек по заминувањето од Мотор Запорожје, играше кратко во Кувајт, но реши да се врати во Европа.
Анѓелиќ играше и за Металург, потпиша за Вардар, но тој трансфер не се реализира поради европската суспензија на „црвено-црните“, па Црногорецот се врати во Унгарија.
Таму играше своевремено седум сезони за Цеглед и Ференцварош, а ПЛЕР Будимпешта, ќе му биде трет унгарски клуб на Анѓелиќ.
Плејмејкерот му стана соиграч на екс левиот бек на Вардар, Кристијан Дисингер, кој минатата недела го засили унгарскиот тим.