Десното крило Арлинда Динарица во иднина ќе настапува за репрезентацијата на Косово во сениорска конкуренција.
Динарица, која ги мина сите репрезентативни селекции на Македонија, беше дел и од кадетките и младинките, настапуваше на ЕХФ шампионати, но реши да ги промени националните бои.
Таа потекнува од составот на Чаир, во два наврати настапуваше за овој клуб, а во моментов е дел од косовскиот првак Истогу.
Беше дел и од тимовите на Кастриоти и Шќипоња од Косово, а има интернационални искуства и во Германија и во Турција.
Репрезентацијата на Косово загуби со 44-17 од Данска во првото коло од квалификациите за ЕП 2024 година, а во групата е уште и Полска.