Бразилскиот десен бек Чиао Винисиус по една сезона помината во македонскиот шампионат ќе има нов предизвик во кариерата.
Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Бразил од ова лето ќе настапува во израелскиот тим Хапоел Холон.
Тој дојде минатото лето во Куманово, а по одличната полусезона се пресели во тимот на Охрид.
Таму не ја доби посакуваната минутажа покрај Никола Јукиќ, па се реши својата среќа да ја побара во друга земја.