Играше за Барса, ПСЖ, ПИК Сегед…на лето оди во пензија

По Жоан Кањелас и Виран Морос, кој замина во пензија ова лето, уште еден шпански ветеран по крајот на оваа сезона ќе престане со активно играње ракомет.

Станува збор за 40-годишниот лев бек Роберто Гарсија Робледо, кој во моментов е дел од тимот на Гранољерс.

За националниот тим на Шпанија, Робледо одигра 103 натпревари и постигна 205 погодоци, а освои пет медали на големите натпреварувања – злато на СП 2013, бронза на ЕП 2014, сребро на ЕП 2016, бронза на ОИ 2020 и сребро на ЕП 2022.

Низ богатата кариера, освен за матичниот Гранољерс, каде ја почна и ќе ја заврши кариерата, играше за Адемар Леон, ПСЖ, ПИК Сегед, Колдинг, Барселона, ЧСМ Букурешт и Нант.