Играше во Бундес лигата и репрезентација, ама реши да смени професија

Еден од подобрите ракометари во Бундес лигата, Максимилијан Гербл, реши на 29 годишна возраст да ја заврши својата кариера.

Десното крило токму минатата сезона од Швајцарија се пресели во најквалитетната лига на светот, откако потпиша договор со Хановер.

Швајцарецот, сепак, по една и пол сезона во дресот на бундеслигашот одлучи да му каже збогум на ракометот.

По успешното балансирање на академските обврски, магистрираше банкарски и финансиски услуги на Универзитетот во Базел, доби понуда која тешко се одбива.

Како што пишуваат германските медиуми, позната финансиска институција од Швајцарија му испратила понуда на Гербл и сега веќе поранешниот ракометар решил да ја прифати.

Гербл за репрезентацијата на Швајцарија настапуваше од 2016-та година, одигра 66 меѓународни натпревари и постигна над 90 погодоци.