Некогашниот ракометар на Еурофарм Пелистер и Металург, Милан Поповиќ, се врати во својата татковината.
Одличното лево крило кое во Македонија мина три сезони, одново ќе го облече дресот на матичниот клуб.
Поповиќ потпиша за Ловќен Цетиње, каде што ќе игра заедно со уште едно поранешно крило на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ.
Тој потекнува од Ловќен, играше за унгарскиот Вац пред да дојде во Македонија, а по заминувањето четири сезони играше за романската Стеауа Букурешт.