Играше со Лазаров и Ристовски во Барса – словенечки ас ја завршува кариерата!

Еден од најдобрите словенечки десни бекови во историјата, Јуре Доленец, ќе ја заврши играчката кариера.

Во текот на својата кариера, Доленец играше за неколку престижни европски клубови, меѓу кои и за шпанската Барселона – во време кога таму настапуваа и македонските легенди Кире Лазаров и Борко Ристовски.

Претходно играше за Монпелје, а по заминувањето од Барселона, кариерата ја продолжи во францускиот Лимож.

По француската авантура се пресели во хрватскиот Нексе, а последната сезона ја минува во редовите на Слован, во словенечкото првенство.

Со Слован Љубљана ќе игра за титула во домашниот шампионат, а од лето би требало да биде спортски директор.