Играше две сезони за Еурофарм Пелистер, сега потпиша за француски второлигаш

Левиот бек Руди Сери, кој во тимот на Еурофарм Пелистер мина две сезони, одлучи кариерата да ја продолжи во својата татковина.

Искусниот ракометар нема да се натпреварува во француската елита, ниту пак во прволигашката конкуренција, ќе игра во француски второлигаш.

Сери во претстојната сезона ќе го носи дресот на Каен, кој има повисоки цели за сезоната што следува.

Сери во Еурофарм Пелистер пристигна во сезона 2022/23 од редовите на  францускиот Сесон.

30-годишниот ракометар во својата кариера настапуваше и за шпанската Бидасоа, како и за екипата на Селеста.