Легендарниот словенечки ракометар Ренато Вугринец, кој играше и за македонската репрезентација, повеќе не е спортски директор во српскиот шампион Партизан, објави „Моцарт Спрот“.
Вугринец, кој беше назначен на оваа позиција пред нешто повеќе од една година, си заминува од директорската позиција, а Партизан ќе мора да бара ново решение за оваа важна улога во клубот.
Некогашен врвен ракометар, Вугринец остави голем белег како играч во Европа и беше познат по својата кариера во клубови како Целје, Магдебург, Портланд Сан Антонио, Металург…
Партизан по елиминацијата од Европа сега ќе биде концентриран само на домашните настапи до крајот на сезоната.
























