Средните бекови Немања Младеновиќ и Леонардо Дутра Фереира се нови ракометари на Ал Хада од Саудиска Арабија.
Некогашните ракометари на Вардар и Металург, и претходно играа во Саудиска Арабија но во други клубови.
Младеновиќ играше во Автокоманда во сезоната 2016/17, а потоа во Констанца и Спортинг, пред да замине во Ал Ахли и Ал Калеј од Саудиска Арабија каде остана четири сезони.
Дутра Фереира беше член на Вардар во пролетната полусезона 2021/22, а потоа замина во Ал Хада, играше за Џеда, па за Мудар и сега одново во Ал Хада.