Екипата на Сесвете, првиот ривал на Вардар во групната фаза од Лига Европа, доаѓа во Скопје со убедлив домашен триумф од 30-19 против Замет. Тренерот Игор Вори имаше расположени ракометари кои немаа проблем против аутсајдерот Замет кој е претпоследен во групата, со само два триумфа.
Сесвете е моментно на третото место во Б групата во првенството на Хрватска, каде лидер е Нексе со максимални 6 победи, а Пореч и Сесвете се на делба на второто место. Врза тимот на Сесвете четири победи по ред, по двата порази на почетокот на сезоната.
Најдобриот стрелец на тимот Тим Баковиќ повторно беше најпрецизен, со 6 гола од 7 обиди, а четири постигна Матеј Свржњак.
Средбата меѓу Вардар и Сесвете е закажана за вторник во Скопје во 18,45 ч. во СЦ „Јане Сандански“.