Игор Трајковски ја заврши кариерата

По Јовица Младеновски, Златко Мојсоски, Никола Роглев, Дејан Пецаковски, Влатко Темелков…уште еден македонски ракометар стави крај на кариерата.

Станува збор за некогашниот кружен напаѓач на Еурофарм Пелистер, Игор Трајковски, кој сега живее во Австралија.

Покрај настапите за Еурофарм Пелистер, Трајковски го носеше дресот и на поранешниот тим ХЈС Работник од Битола.

Во Македонија настапуваше и за Металург Јуниор, Струга и Скопје, каде што ја одигра последната сезона во кариерата.

Трајковски има и меѓународно искуство – две сезони беше дел од финскиот Сјундеа ИФ.