Досегашниот среден бек на Тиквеш, Игор Кривокапиќ, го напушти Кавадарци и во наредната сезона ќе игра во татковината.
Кривокапиќ беше промовиран во црногорскиот вицепрвак Будванска Ривиера и таму ќе игра во претстојната сезона.
Организаторот на играта кој дојде во Кавадарци по повредата на капитенот Симиќ претходно играше во Полска, Унгарија и Израел.
Покрај на домашна сцена, Кривокапиќ и Будванска Ривиера ќе бидат активни и во ЕХФ Европскиот Куп каде за ривал го имаат грчкиот Диомидис Аргус.