Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 9 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по двајца ракометари од Вардар и Пролет, како и по еден од Еурофарм Пелистер, Радовиш и „сино-белите“ од Автокоманда.
За МВП на колото ќе можете да гласате до вторник до 12 часот.
Супер лига, 9. коло, резултати:
Плеј-оф
ТИКВЕШ – ВАРДАР 22-32 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ОХРИД 33-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ 35-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Плеј-аут
КУМАНОВО – ПРОЛЕТ 22-27 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – ПРИЛЕП 33-31 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
Голман: Васил Гогов (Вардар) – Чуварот на мрежата беше меѓу најдобрите поединци на гостувањето кај Тиквеш.
Лево крило: Давор Палевски (Пролет) – Левото крило постигна девет погодоци на средбата со Куманово.
Лев бек: Здраво Постолов (Радовиш) – Капитенот на радовишани беше 13 пати прецизен и меѓу најзаслужните за важниот триумф против Прилеп.
Среден бек: Младен Крсманчиќ (Вардар) – Плејмејкерот беше меѓу најдобрите поединци и сигурен пеналџија во Кавадарци.
Десен бек: Усама Хосни (Еурофарм Пелистер) – Тунискиот интернационалец даде беше меѓу подобрите против Бутел Скопје.
Десно крило: Мице Шилегов (Пролет) – Десното крило имаше добра партија против Куманово.
Пивот: Валентин Карасманакис (Алкалоид) – Кружниот напаѓач ги водеше „сино-белите“ до победа против Охрид.