Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 8 коло од суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Охрид, како и по еден од „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Вардар, Еурофарм Пелистер, Тиквеш и Бутел Скопје.
За МВП на колото ќе можете да гласате до понеделник до 12 часот.
Супер лига, 8. коло, резултати:
БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА 30-27 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – ТИКВЕШ 26-33 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – АЛКАЛОИД 20-29 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – ОХРИД 18-34 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 27-34 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ВАРДАР 25-32 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Иван Галевски (Алкалоид) – Чуварот на мрежата имаше одлична партија на мечот со Пролет.
Лево крило: Димитар Коцев (Тиквеш) – Левото крило беше меѓу најдобрите во гостинскиот триумф над Радовиш.
Лев бек: Дмитро Горига (Вардар) – Левиот бек имаше одлично остварување и беше меѓу најзаслужните за победата над Куманово.
Среден бек: Алем Хаџиќ (Еурофарм Пелистер) – Средниот бек беше меѓу најдобрите во победата против вториот тим на битолчани.
Десен бек: Давид Савревски (Охрид) – Десниот бек имаше седум погодоци во убедливиот триумф над Прилеп.
Десно крило: Бојан Спасовски (Бутел Скопје) – Десното крило беше перфектен од линијата за седум метри и втор стрелец против стружани.
Пивот: Николаос Лиапис (Охрид) – Кружниот напаѓач од Грција имаше значајна улога во убедливата победа над прилепчани и вторпат во серија е во идеалниот тим.
























