Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 8 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по двајца ракометари од Еурофарм Пелистер и од Прилеп, како и по еден од Вардар, Радовиш и Тиквеш.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
Супер лига, 8. коло, резултати:
Плеј-оф
ОХРИД – ВАРДАР 21-25 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 23-29 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 25-29 (ИЗВЕШТАЈ)
Плеј-аут
СТРУГА – РАДОВИШ 26-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – КУМАНОВО 28 -23 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
Голман: Давид Брестовац (Еурофарм Пелистер) – Чуварот на мрежата бранеше одлично во клучните моменти на дуелот во Автокоманда.
Лево крило: Дејан Манасков (Еурофарм Пелистер) – Искусното лево крило беше меѓу најдобрите во триумфот во Автокоманда.
Лев бек: Вуко Борозан (Вардар) – Црногорецот беше меѓу лидерите во тешкиот триумф среде Охрид.
Среден бек: Петар Цветковски (Радовиш) – Плејмејкерот беше меѓу најдобрите поединци во победата над Струга.
Десен бек: Ани Обина (Тиквеш) – Нигерскиот интернационалец даде шест гола на гостувањето кај Бутел Скопје.
Десно крило: Денис Шабановиќ (Прилеп) – Десното крило имаше добра партија против Куманово.
Пивот: Томислав Квастек (Прилеп) – Кружниот напаѓач ги водеше прилепчани со осум гола до триумф над кумановци.