ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО OД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 7 коло од суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Еурофарм Пелистер, како и по еден од „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Вардар, Охрид, Струга и Еурофарм Пелистер 2.

За МВП на колото ќе можете да гласате до вторник до 12 часот.

Супер лига, 7. коло, резултати:

ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25-30 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 32-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 24-26 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – КУМАНОВО 26-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ПРИЛЕП 39-22 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – РАДОВИШ 35-17 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 7. КОЛО ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Филип Мечкароски - лев бек - Струга
69.44%
Ненад Костески - десно крило - Алкалоид
6.94%
Петар Атанасијевиќ - лево крило - Еурофарм Пелистер
6.94%
Мартин Јовановски - голман - Еурофарм Пелистер 2
6.94%
Николаос Лиапис - пивот - Охрид
5.56%
Урош Митровиќ - десен бек - Вардар
2.78%
Домен Тајник - среден бек - Еурофарм Пелистер
1.39%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Мартин Јовановски (Еурофарм Пелистер 2) – Чуварот на мрежата имаше одлична партија на мечот со Пролет.

Лево крило: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Левото крило беше меѓу најдобрите во гостинскиот триумф над Тиквеш.

Лев бек: Филип Мечкароски (Струга) – Левиот бек имаше одлично остварување и беше меѓу најзаслужните за победата над Куманово.

Среден бек: Домен Тајник (Еурофарм Пелистер) – Средниот бек беше меѓу најдобрите во победата во Кавадарци.

Десен бек: Урош Митровиќ (Вардар) – Српскиот интернационалец вторпат во серија е дел од идеалниот тим откако имаше четири од четири против Прилеп.

Десно крило: Ненад Костески (Алкалоид) – Репрезентативец ги водеше „сино-белите“ до триумфот над Бутел Скопје.

Пивот: Николаос Лиапис (Охрид) – Кружниот напаѓач од Грција имаше значајна улога во убедливата победа над радовишани.