ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО OД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 6 коло од суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Бутел Скопје, Вардар, Пролет, Прилеп и Тиквеш.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 6. коло, резултати:

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРОЛЕТ 22-22 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – АЛКАЛОИД 21-35 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД 33-27 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – ВАРДАР 27-33 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ТИКВЕШ 17-23 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – СТРУГА 34-27 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 6. КОЛО ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Денис Шабановиќ - десно крило - Прилеп
29.09%
Димитар Ѓеоргиевски - среден бек - Бутел Скопје
25.45%
Бојан Солев - голман - Пролет
25.45%
Дејан Манасков - лево крило - Еурофарм Пелистер
9.09%
Урош Митровиќ - десен бек - Вардар
7.27%
Емилијан Ѓорговски - лев бек - Алкалоид
3.64%
Гиорги Гришикашвили - пивот - Тиквеш
0.00%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Бојан Солев (Пролет) – Чуварот на мрежата вторпат во серија е во идеалниот тим по 16 интервенции на средбата со Бутел Скопје.

Лево крило: Дејан Манасков (Еурофарм Пелистер) – Левото крило игра во репрезентативна форма и имаше одлична партија против Охрид.

Лев бек: Емилијан Ѓорговски (Алкалоид) – Стружанецот беше меѓу најдобрите на натпреварот во Куманово.

Среден бек: Димитар Ѓеоргиевски (Бутел Скопје) – Средниот бек и погодуваше и асистираше во ремито со Пролет.

Десен бек: Урош Митровиќ (Вардар) – Српскиот интернационалец имаше пет гола на гостувањето кај Радовиш.

Десно крило: Денис Шабановиќ (Прилеп) – Црногорецот ја продолжува одличната форма од стартот на сезоната и беше меѓу најдобрите против Струга.

Пивот: Гиорги Гришикашвили (Тиквеш) – Кружниот напаѓач од Грузија имаше значајна улога во триумфот во Битола.