Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 3 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Вардар, Прилеп, Куманово, Пролет, Радовиш и Тиквеш.
За МВП на колото ќе можете да гласате до четврток до 12 часот.
Супер лига, 3. коло, резултати:
Плеј-оф
ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 26-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ОХРИД 28-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АЛКАЛОИД 30-28 (ИЗВЕШТАЈ)
Плеј-аут
КУМАНОВО – ПРИЛЕП 26-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – БОРЕЦ ФЛ 36-30 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – СТРУГА 33-23 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 3. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
Голман: Филип Ивиќ (Еурофарм Пелистер) – Чуварот на мрежата бранеше одлично во вториот дел во клучните моменти од дербито.
Лево крило: Христи Бикоски (Прилеп) – Прилепчанецот беше меѓу најдобрите во драматичниот меч против Куманово.
Лев бек: Дмитро Горига (Вардар) – Украинецот игра во одлична форма, а тоа го покажа и против Охрид.
Среден бек: Игор Кривокапиќ (Тиквеш) – Плејмејкерот постигна девет погодоци во тешката победа над Бутел Скопје.
Десен бек: Лазар Адамовиќ (Радовиш) – Српскиот интернационалец беше меѓу најдобрите стрелци против поранешниот клуб.
Десно крило: Мице Шилегов (Пролет) – Десното крило постигна девет гола во убедливиот триумф во битката за опстанок против велешани.
Пивот: Дарио Симоноски (Куманово) – Кружниот напаѓач на кумановци одигра одлично на важниот дуел против Прилеп.