Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 21 коло од суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Вардар, Еурофарм Пелистер 2, Охрид, Тиквеш, „сино-белите“ од Автокоманда, како и двајца од Еурофарм Пелистер.
За МВП на колото ќе можете да гласате до понеделник до 12 часот.
Супер лига, 21. коло, резултати:
OХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 33-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – КУМАНОВО 33-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ПРОЛЕТ 38-22 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 26-37 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – АЛКАЛОИД 20-41 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП 32-27 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 21. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Давид Брестовац (Еурофарм Пелистер) – Голманот на шампионат имаше одлична партија против Прилеп и одбрани клучи шутеви.
Лево крило: Улфар Пал Тордарсон (Алкалоид) – Левото крило беше меѓу најдобрите на мечот со Струга и не промаши ниту еднаш.
Лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – Капитенот беше најдобар стрелец на битолчани во триумфот над Прилеп
Среден бек: Жоао Педро Да Силва (Вардар) – Бразилскиот репрезентативец беше лидер на теренот во триумфот над Пролет.
Десен бек: Мартин Димовски (Тиквеш) – Ги покажа своите квалитети против Куманово и беше меѓу најдобрите во значајната победа.
Десно крило: Ален Ќосевски (Охрид) – Десното крило беше најдобар стрелец заедно со Ристески против бутелци.
Пивот: Петар Маркоски (Еурофарм Пелистер 2) – Кружниот напаѓач беше перфектен на дуелот против Радовиш.
























