ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО OД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 2 коло од суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Вардар, Бутел Скопје, Прилеп и од „сино-белиот“ тим од Автокоманда, но и двајца од Охрид.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 2. коло, резултати:

ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД 22-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 36-24 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 24-31 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ВАРДАР 19-34 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – СТРУГА 40-16 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – КУМАНОВО 33-32 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 2. КОЛО ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Благојче Трајкоски - голман - Бутел Скопје
33.33%
Димитар Димитриоски - лево крило - Прилеп
27.27%
Дејан Кукуловски - лев бек - Охрид
15.15%
Рудолф Хекбарт - десно крило - Еурофарм Пелистер
9.09%
Кристијан Анастасовски - пивот - Вардар
6.06%
Предраг Вејин - десен бек - Охрид
6.06%
Игор Ѓорѓиев - среден бек - Алкалоид
3.03%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Благојче Трајкоски (Бутел Скопје) – Чуварот на мрежата беше меѓу најдобрите поединци на гостинскиот меч кај Радовиш.

Лево крило: Димитар Димитриоски (Прилеп) – Повратникот во македонскиот ракомет беше предводник во триумфот над Куманово.

Лев бек: Дејан Кукуловски (Охрид) – Левиот бек имаше важна улога во победата на езерскиот двобој против Струга.

Среден бек: Игор Ѓорѓиев (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец имаше одлична партија во Кавадарци – и погодуваше и асистираше.

Десен бек: Предраг Вејин (Охрид) – Српскиот интернационалец одигра без грешка против стружани во езерскиот двобој.

Десно крило: Рудолф Хекбарт (Еурофарм Пелистер) – Десното крило од Бразил имаше девет од девет против Пролет.

Пивот: Кристијан Анастасовски (Вардар) – Кружниот напаѓач вторпат се најде во тимот на колото, откако и против младите битолчани ја покажа добрата форма.