ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО OД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 2 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Охрид, Еурофарм Пелистер, Вардар, Тиквеш, Прилеп и двајца од тимот на Пролет.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 2. коло, резултати:

ПРОЛЕТ – ТИКВЕШ 23-23 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – РАДОВИШ 33-23 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 26-23 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА 37-20 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ПРИЛЕП 35-36 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – БИСИНОВ 31-24 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 2.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Христи Бикоски - лево крило - Прилеп
30.85%
Aндреј Петковски - голман - Пролет
28.72%
Самоил Ристевски - пивот - Еурофарм Пелистер
24.47%
Ласко Андоновски - среден бек - Пролет
6.38%
Стефан Петриќ - лев бек - Вардар
5.32%
Гал Цирар - десно крило - Охрид
2.13%
Ани Обина - десен бек - Тиквеш
2.13%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Андреј Петковски (Пролет) – Чуварот на мрежата немаше двоцифрен број интервенции, но сите беа во важни моменти на дуелот со Тиквеш.

Лево крило: Христи Бикоски (Прилеп) – Капитенот на прилепчани го водеше тимот до важна победа на гости кај Куманово.

Лев бек: Стефан Петриќ (Вардар) – Српскиот лев бек со седум гола беше најдобар стрелец против Бисинов.

Среден бек: Ласко Андоновски (Пролет) – Плејмејкерот беше меѓу најдобрите во натпреварот со Тиквеш што заврши реми.

Десен бек: Ани Обина (Тиквеш) – Нигерискиот репрезентативец со шест погодоци беше најдобар стрелец на мечот со Пролет.

Десно крило: Гал Цирар (Охрид) – Десното крило даде пет гола во значајната победа над составот на Бутел Скопје.

Пивот: Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер) – Кружниот напаѓач имаше шест погодоци на натпреварот против Струга.