Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 19 коло од суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Охрид, како и по еден ракометар од Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Тиквеш и „сино-белите“ од Автокоманда.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 19. коло, резултати:
ОХРИД – ПРИЛЕП 28-17 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – БУТЕЛ СКОПЈЕ 24-35 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – КУМАНОВО 30-20 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ПРОЛЕТ 37-29 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – РАДОВИШ 44-23 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 39-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 19. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Кристијан Пилиповиќ (Охрид) – Хрватскиот чувар на мрежата имаше одлична партија против Прилеп.
Лево крило: Гоце Ојлески (Охрид) – Левото крило беше меѓу најдобрите на мечот со Прилеп и даде шест гола.
Лев бек: Томче Стојановски (Тиквеш) – Ол-раунд ракометарот постигна десет гола и имаше значаен придонес и во нападот и во одбраната на мечот со Радовиш.
Среден бек: Јака Малус (Вардар) – Словенечкиот репрезентативец беше лидер на теренот во триумфот над Куманово.
Десен бек: Филип Николов (Алкалоид) – Во првиот меч за новиот клуб велешанецот беше меѓу најдобрите стрелци.
Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Еурофарм Пелистер) – Десното крило ја продолжи одличната форма и на мечот со братскиот клуб.
Пивот: Дејан Михајловиќ (Бутел Скопје) – Кружниот напаѓач на бутелци биеше без грешка во мрежата на стружани и имаше седум од седум.
























