ИДЕАЛЕН ТИМ НА 17. КОЛО OД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 17 коло од суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Охрид, како и по еден ракометар од Вардар, Тиквеш, Прилеп, Бутел Скопје и „сино-белите“ од Автокоманда.

За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Супер лига, 17. коло, резултати:

ВАРДАР – РАДОВИШ 40-26 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – КУМАНОВО 42-25 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ПРИЛЕП 25-33 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 27-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 29-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 23-26 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 17. КОЛО ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Петар Цветковски - среден бек - Тиквеш
26.09%
Филип Николов - десен бек - Бутел Скопје
18.84%
Димитар Димитриоски - лево крило - Прилеп
17.39%
Стефан Петриќ - лев бек - Охрид
15.22%
Александар Петковски - десно крило - Алкалоид
12.32%
Кристијан Анастасовски - пивот - Вардар
5.80%
Кристијан Пилиповиќ - голман - Охрид
4.35%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 17. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Кристијан Пилиповиќ (Охрид) – Хрватот со австриски пасош имаше одлично издание против шампионот Еурофарм Пелистер.

Лево крило: Димитар Димитриоски (Прилеп) – Левото крило имаше 11 реализации и беше најдобар стрелец против Струга.

Лев бек: Стефан Петриќ (Охрид) – Српскиот репрезентативец одигра одлична партија на дербито со пелистерци.

Среден бек: Петар Цетковски (Тиквеш) – Иако нема голема минутажа, сепак беше одличен реализатор од линијата од седум метри и даде осум гола во важната победа.

Десен бек: Филип Николов (Бутел Скопје) – Десниот бек даде 14 погодоци на градскиот двобој против Пролет.

Десно крило: Александар Петковски (Алкалоид) – Десното крило имаше шест од шест реализација на дуелот со Куманово.

Пивот: Кристијан Анастасовски (Вардар) – Кружниот напаѓач на вардарци беше меѓу најдобрите поединци против Радовиш.