ИДЕАЛЕН ТИМ НА 16. КОЛО OД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 16 коло од суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Eурофарм Пелистер 2, Охрид, Еурофарм Пелистер, Струга, Бутел Скопје, Прилеп и Куманово.

За МВП на колото ќе можете да гласате до понеделник до 12 часот.

Супер лига, 16. коло, резултати:

РАДОВИШ – СТРУГА 24-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – БУТЕЛ СКОПЈЕ 24-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – АЛКАЛОИД 33-39 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – ОХРИД 19-31 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 28-23 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ПРОЛЕТ 28-28 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 16. КОЛО ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Тодор Узунчев - лев бек - Бутел Скопје
82.25%
Давид Савревски - десен бек - Охрид
11.24%
Наум Костов - десно крило - Струга
1.78%
Давор Палевски - лево крило - Пролет
1.78%
Сеид Хеидарирад - голман - Еурофарм Пелистер
1.78%
Петар Маркоски - пивот - Еурофарм Пелистер 2
0.59%
Тоше Ончев - среден бек - Куманово
0.59%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 16. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Сеид Хеидарирад (Еурофарм Пелистер) – Иранецот со романски пасош беше меѓу најзаслужните за триумфот во дербито над Вардар.

Лево крило: Давор Палевски (Пролет) – Поранешниот младински репрезентативец имаше одлична партија против Куманово и даде 11 голови.

Лев бек: Тодор Узунчев (Бутел Скопје) – Левиот бек беше најдобар стрелец во ремито во Битола кај Еурофарм Пелистер 2.

Среден бек: Тоше Ончев (Куманово) – Левиот бек што одлично се снаоѓа и на средната бековска позиција постигна осум гола против Пролет.

Десен бек: Давид Савревски (Охрид) – Десниот бек имаше перфектна вечер на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци.

Десно крило: Наум Костов (Струга) – Охриѓанецот беше меѓу најдобрите во важната победа на стружани на гостински терен кај Радовиш.

Пивот: Петар Маркоски (Еурофарм Пелистер 2) – Кружниот напаѓач на битолчани имаше одлична партија против Бутел Скопје.