ИДЕАЛЕН ТИМ НА 13. КОЛО OД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 13 коло од суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од тимот од Автокоманда, како и по еден од Еурофарм Пелистер, Вардар, Прилеп, Бутел Скопје и Охрид.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 13. коло, резултати:

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 34-24 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАДОВИШ 36-20 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25-31 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ПРИЛЕП 28-29 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ 33-24 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ОХРИД 23-29 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 13. КОЛО ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Стефан Петриќ - лев бек - Охрид
50.00%
Димитар Узунчев - десен бек - Бутел Скопје
33.33%
Дејан Манасков - лево крило - Еурофарм Пелистер
16.67%
Кристијан Анастасовски - пивот - Вардар
0.00%
Ненад Костески - десно крило - Алкалоид
0.00%
Владан Кастратовиќ - среден бек - Прилеп
0.00%
Марко Кизиќ - голман - Алкалоид
0.00%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 13. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Марко Кизиќ (Алкалоид) – Чуварот на мрежата на скопјани имаше одлична партија и беше меѓу најдобрите во триумфот над Тиквеш.

Лево крило: Дејан Манасков (Еурофарм Пелистер) – Беше меѓу лидерите во лесната и рутинска победа над Пролет.

Лев бек: Стефан Петриќ (Охрид) – Српскиот лев бек од „гладијаторите“ имаше значаја улога во триумфот над Струга.

Среден бек: Владан Кастратовиќ (Прилеп) – Црногорскиот интернационалец даде пет гола кај Куманово, меѓу кои и победничкиот во последната секунда.

Десен бек: Димитар Узунчев (Бутел Скопје) – Најдобриот млад играч за минатата сезона и оваа игра во одлична форма, а беше најдобар стрелец против Радовиш.

Десно крило: Ненад Костески (Алкалоид) – Беше најдобар стрелец во високиот триумф над Тиквеш.

Пивот: Кристијан Анастасовски (Вардар) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите на теренот против Еурофарм Пелистер 2.