ИДЕАЛЕН ТИМ НА 12. КОЛО OД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 12 коло од суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Еурофарм Пелистер, како и по еден од Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2, Вардар, Куманово и Охрид.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 12. коло, резултати:

ВАРДАР – СТРУГА 23-15 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ 31-21 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРИЛЕП 31-28 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – КУМАНОВО 19-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – ПРОЛЕТ 21-18 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – АЛКАЛОИД 28-24 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 12. КОЛО ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Александар Стојков - десно крило - Куманово
50.98%
Василије Печурица - голман - Тиквеш
35.29%
Тилен Стрмљан - среден бек - Охрид
7.84%
Христијан Митревски - лев бек - Еурофарм Пелистер 2
3.92%
Марио Стојановски - лево крило - Вардар
1.96%
Самоил Ристевски - пивот - Еурофарм Пелистер
0.00%
Анжеј Видомски - десен бек - Еурофарм Пелистер
0.00%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 12. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Василије Печурица (Тиквеш) – Чуварот на мрежата на кавадарчани имаше одлична партија и беше меѓу најдобрите во триумфот над Пролет.

Лево крило: Марио Стојановски (Вардар) – Беше меѓу лидерите во лесната и рутинска победа над Струга.

Лев бек: Христијан Митревски (Еурофарм Пелистер 2) – Ја продолжи одличната форма и на дуелот со Прилеп.

Среден бек: Тилен Стрмљан (Охрид) – Словенечкиот интернационалец даде 11 гола на дербито против „сино-белите“ од Автокоманда.

Десен бек: Анжеј Видомски (Еурофарм Пелистер) – Десниот бек од Полска имаше одлична реализација на дуелот во Бутел Скопје.

Десно крило: Александар Стојков (Куманово) – Беше најдобар стрелец во високиот триумф над Радовиш.

Пивот: Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот кружен напаѓач покажа против Бутел Скопје дека повредата е минато и се враќа во форма.