Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 11 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Вардар, Еурофарм Пелистер, Пролет, „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Куманово и двајца од Тиквеш.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 11. коло, резултати:
ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 24-19 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ВАРДАР 25-34 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – АЛКАЛОИД 22-29 (ИЗВЕШТАЈ)
БИСИНОВ ФЛ – ТИКВЕШ 22-33 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП 46-24 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – РАДОВИШ 30-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Игор Арсиќ (Тиквеш) – Српскиот голман блескаше во Велес и забележа 17 интервенции.
Лево крило: Хансер Родригез (Вардар) – Кубанскиот репрезентативец беше меѓу подобрите во триумфот над Струга.
Лев бек: Давид Димевски (Куманово) – Младинскиот репрезентативец беше на ниво и меѓу најзаслужните за бодовите против радовишани.
Среден бек: Ласко Андоновски (Пролет) – Средниот бек продолжува да игра во одлична форма оваа сезона.
Десен бек: Мартин Серафимов (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец постигна 12 голови на гостувањето кај Охрид.
Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Еурофарм Пелистер) – Србинот коректно си ја одработи задачата против прилепчани.
Пивот: Кристијан Анастасовски (Тиквеш) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите поединци во триумфот кај Бисинов ФЛ.