ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО OД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 10 коло од суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Тиквеш, како и по еден од „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Вардар, Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2 и Охрид.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 10. коло, резултати:

ПРОЛЕТ – ВАРДАР 27-36 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ТИКВЕШ 27-28 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – СТРУГА 44-27 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РАДОВИШ 31-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25-40 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД 19-25 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 10. КОЛО ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Мартин Димовски - десен бек - Тиквеш
71.74%
Марко Стојковиќ - пивот - Алкалоид
6.52%
Мохамед Азиз - лев бек - Еурофарм Пелистер 2
6.52%
Кристијан Пилиповиќ - голман - Охрид
6.52%
Јака Малус - среден бек - Вардар
4.35%
Балша Чејовиќ - десно крило - Тиквеш
2.17%
Петар Атанасијевиќ - лево крило - Еурофарм Пелистер
2.17%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Кристијан Пилиповиќ (Охрид) – Чуварот на мрежата имаше одлична партија на мечот со Бутел Скопје и беше скоро 50% успешен во одбраните.

Лево крило: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец го водеше шампионот до триумф кај Прилеп.

Лев бек: Мохамед Азиз (Еурофарм Пелистер 2) – Тунижанецот постигна десет гола во победата против радовишани.

Среден бек: Јака Малус (Вардар) – Словенечкиот интернационалец ја продолжи одличната форма и на мечот против Пролет.

Десен бек: Мартин Димовски (Тиквеш) – Десниот бек имаше шест погодоци во триумфот над Куманово, а дел од нив во значајни моменти.

Десно крило: Балша Чејовиќ (Тиквеш) – Црногорецот беше меѓу најдобрите и со осум гола ги водеше кавадарчани до победа.

Пивот: Марко Стојковиќ (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец беше важна алка и со шест од шест меѓу најдобрите во триумфот над Струга.