ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 10 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има четворица ракометари од шампионот Еурофарм Пелистер, како и по еден од Струга, Пролет и Охрид.

За МВП на колото ќе можете да гласате до четврток до 12 часот.

Супер лига, 10. коло, резултати:

Плеј-оф

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 30-32 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – АЛКАЛОИД 22-31 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ТИКВЕШ 32-23 (ИЗВЕШТАЈ)

Плеј-аут

ПРОЛЕТ – РАДОВИШ 30-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – СТРУГА 26-29 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е МВП НА 10.КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГА?

Гал Цирар - десно крило - Охрид
40.74%
Никола Митревски - голман - Еурофарм Пелистер
24.07%
Виктор Додевски - десен бек - Пролет
12.96%
Жарко Пешевски - пивот - Еурофарм Пелистер
7.41%
Филип Кузмановски - лев бек - Еурофарм Пелистер
7.41%
Ненад Костоски - лево крило - Струга
7.41%
Домен Тајник - среден бек - Еурофарм Пелистер
0.00%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ

Голман: Никола Митревски (Еурофарм Пелистер) – Чуварот на мрежата имаше клучни одбрани на дербито со Вардар.

Лево крило: Ненад Костоски (Струга) – Левото крило постигна седум погодоци на средбата со Прилеп.

Лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – Капитенот на пелистерци беше меѓу најзаслужните за триумфот среден Скопје.

Среден бек: Домен Тајник (Еурофарм Пелистер) – Плејмејкерот даде пет погодоци во победата над „црвено-црните“.

Десен бек: Виктор Додевски (Пролет) – Младиот десен бек беше меѓу најдобрите поединци против Радовиш.

Десно крило: Гал Цирар (Охрид) – Десното крило имаше добра партија против Тиквеш.

Пивот: Жарко Пешевски (Еурофарм Пелситер) – Кружниот напаѓач одлично се снаоѓаше со одбраната на вардарци.