ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 1 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има тројца ракометари од Еурофарм Пелистер и по еден ракометар од Охрид, Тиквеш, Прилеп и Куманово.

За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Супер лига, 1. коло, резултати:

Плеј-оф

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 27-21 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – СТРУГА 32-25 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД 29-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – АЛКАЛОИД 17-22 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980126
2ВАРДАР 1961970224
3ОХРИД970223
4АЛКАЛОИД960321
5ТИКВЕШ 2014950416
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ91084
8СТРУГА90090

Плеј-аут

АЕРОДРОМ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР неодиграно
КУМАНОВО – ВАРДАР НЕГОТИНО 29-23 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – СКОПЈЕ 32-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ГОЛДЕН АРТ – МУЛТИ ЕСЕНС 23-24 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП971124
2МРК КУМАНОВО971123
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2960321
4ВАРДАР НЕГОТИНО960318
5МУЛТИЕСЕНС941414
6ГОЛДЕН АРТ921610
7СКОПЈЕ 202092076
8АЕРОДРОМ90092

СПОРЕД ВАС КОЈ Е МВП НА 1.КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГА?

Наум Костов - десно крило - Куманово
49.23%
Гоце Ојлески - лево крило - Охрид
21.54%
Филип Кузмановски - лев бек - Еурофарм Пелистер
17.31%
Томислав Квастек - пивот - Прилеп
5.00%
Урбан Лесјак - голман - Еурофарм Пелистер
2.69%
Домен Тајник - среден бек - Еурофарм Пелистер
2.31%
Ани Обина - десен бек - Тиквеш
1.92%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ

Голман: Урбан Лесјак (Еурофарм Пелистер) – Словенечкиот репрезентативец бранеше во вториот дел, немаше многу одбрани, но тие што ги имаше беа во моментите кога се кршеше резултатот на дербито против Вардар.

Лево крило: Гоце Ојлески (Охрид) – Искусниот стружанец со седум гола беше меѓу предводниците во триумфот кај Бутел

Лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – Македонецот одигра одлично на дербито дуелот со „црвено-црниот“ тим.

Среден бек: Домен Тајник (Еурофарм Пелистер) – Заедно со Лесјак и Кузмановски, Тајник беше клучните фигури во шампионот за стартни три бода во плеј-офот.

Десен бек: Ани Обина (Тиквеш) – Нигерискиот десен бек продолжува да игра во формата од есенскиот дел и со седум гола беше најдобар стрелец на дуелот против Струга.

Десно крило: Наум Костов (Куманово) – Десното крило со 13 голови, од кои пет од пенал, имаше голема улога во стартниот триумф на кумановци во битката за опстанок.

Пивот: Томислав Квастек (Прилеп) – Хрватскиот интернационалец имаше солиден придонес во убедливата партија на прилепчани на средбата против Скопје.