Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 1 коло од суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Охрид, Пролет, Еурофарм Пелистер, Вардар, Еурофарм Пелистер 2, Куманово и од „сино-белиот“ тим од Автокоманда.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
Супер лига, 1. коло, резултати:
АЛКАЛОИД – ОХРИД 24-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – ТИКВЕШ 22-19 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 20-29 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 29-32 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ВАРДАР 25-38 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – РАДОВИШ 34-32 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Бојан Солев (Пролет) – Чуварот на мрежата беше меѓу најдобрите поединци против кавадарчани.
Лево крило: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец го водеше шампионот до победа кај Бутел Скопје.
Лев бек: Хирстијан Митревски (Еурофарм Пелистер 2) – Левиот бек беше меѓу најзаслужните за триумфот на гостински терен кај Прилеп.
Среден бек: Ловро Јотиќ (Охрид) – Плејмејкерот беше меѓу лидерите на „гладијаторите“ во ремито во Автокоманда.
Десен бек: Мартин Серафимов (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец даваше голови кога беше најпотребно и подели неколку асистенции против Охрид.
Десно крило: Александар Стојков (Куманово) – Десното крило беше сигурен пеналџија и погодуваше во значајни моменти на мечот со Радовиш.
Пивот: Кристијан Анастасовски (Вардар) – Кружниот напаѓач беше без грешка против стружани, а имаше и две украдени топки.