И ја исполни животната желба на мајка му – ѝ отвори кафуле!

Ренарс Ушчинс, десниот бек на Хановер и на германската репрезентација, реши дел од својата кариера надвор од теренот да ја посвети на семејството.

23-годишниот ракометар е инвеститор во ново кафуле во Десау, кое ќе го води неговата мајка Аија.

Кафулето ќе се вика „10/23“ – по бројот на дресот на Ушчинс во клубот (10) и во репрезентацијата (23).

„Отворањето кафуле беше сон на мајка ми. Јас само ги создадов условите таа да го оствари. Моите броеви на дресот треба да донесат среќа,“ изјави Ушчинс за „Билд“.

Во проектот е вклучен и неговиот татко Армандс, поранешен репрезентативец на Летонија, кој ќе се грижи за практичниот дел од работата.

Покрај љубовта кон ракометот, Ушчинс студира бизнис администрација, а негова тајна пасија е – правење кафе. Сега сето тоа се поврзува во ново семејно поглавје, бидејќи кафулето треба да се отвори во октомври.