Вардар брзо го заборави поразот во Германија во Лига Европа, па пред следниот европски натпревар дома, се загреа со лесен триумф против Куманово, 31-21 (15-6). Гостите имаа сила единствено да направат серија со која од почетните 4-0 на домашните, израмнија на 4-4. Потоа се беше во знакот на „црвено-црните“ кои брзо се консолидираа и веднаш „отидоа“ на 9-5 по што веќе се беше полесно. Иако на моменти знаеја да „засјајат“ немаа доволно светлина да го осветлат патот кон бодови или да направат поголема неизвесност.
Вардарци остануваат во „големата четворка“ на табелата, и скопјани привремено се на делба на првото место заедно со тимот од Автокоманда. Таму допрва треба да се игра дербито на колото. Куманово е во долниот дел од табелата со само 4 бода, и сигурно пак ќе игра за опстанок, исто како и лани.
Тренерот Владо Недановски одмараше дел од ракометарите (Николиќ, Еспиња, Ќосевски и повредените Пинто, Јагуриновски Горига)
па на терен повеќе шанса да граат добија и Кристијан Стаменковиќ, Марио Стојановски, Марко Богдановски, па и Томче Стојановски. Очигледно е дека Вардар е подобар тим, но на моменти делуваше и малку невоиграно, со многу промашени шанси, кои ако се реализира предноста сигурно ќе беше уште поизразена. На моменти тешко се спојуваа редовите, и во нападот и во одбраната.
Само што почна второто полувреме резултатот веќе беше „плус 10“ за Вардар, за 16-6, а во 35 минута и највисоките 19-8. Тоа беше период во кој „стандарднат апостава“ веќе беше измешана, па Ашрах играше на десно крило, Стаменковиќ на десен бек, Коиј како пивотмен, а на голот Богдановски. Малото опуштање на вардарци му донесе на Куманово намалување на резултатот на 20-13, а потоа пак додадоа гас и се вратија предноста со две бројки, 23-13.
Знаеше Куманово да ги искористи своите шанси па успеа да дојде „под 10“, што според прикажаното на двете екипи и го заслужија. Во 54 минута гостите намалија на 25-19 и беа осоколени од сопствената игра, и слабото издание на ривалот. Но, Вардар и во секоја ситуација е подобра тим, па предноста која е околу 10 гола остана до крај.
Кај Вардар, пет гола даде Ашрах Маргели, а четири Марио Танкоски. Во гостинскиот тим, најпрецизен беше Давид Димевски со 10 гола.